Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од денес посебен сообраќаен режим на некои улици во Скопје поради Самитот на земјите од западен Балкан

Од денес посебен сообраќаен режим на некои улици во Скопје поради Самитот на земјите од западен Балкан

Поради претстојниот Дигитален самит на земјите од западен Балкан што утре и задутре  ќе се одржува во Скопје, во хотелот „Александар Палас“ и во ВИП Арена (сала „Борис Трајковски“), во текот на денешниот ден од 15 часот, како и наредните два дена, односно до 15:30 часот на 19 април, СВР Скопје ќе воспостави посебен сообраќаен режим за сообраќајниците околу овие објекти.

Имено, со посебниот режим ќе бидат затворени и пренасочени за сообраќај улиците Јадранска магистрала, Скупи, делови од булеварите Осми Септември, Илинден, како и другите сервисни улици коишто гравитираат кон двата објекта (ВИП Арената и хотелот „Александар Палас“).

Исто така, како што соопшти МВР, посебен сообраќаен режим е предвиден и за обиколницата на автопатот до скопскиот аеродром.

Слично

Поврзани вести