Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОД ДЕНЕС ХРВАТИТЕ ПАТУВААТ БЕЗ ВИЗА ВО САД: Ние сме на ниво работна група

ОД ДЕНЕС ХРВАТИТЕ ПАТУВААТ БЕЗ ВИЗА ВО САД: Ние сме на ниво работна група

САД ги укинаа визите за Хрватска откако земјата ги исполни сите строги услови и повеќе нема да биде во друштво на четири земји од ЕУ на кои се уште им е потребна виза за патување.

Американската амбасада и честиташе на Хрватска на Твитер.

„Ако планирате да одите во Соединетите Држави за бизнис или туризам, треба да пополните формулар за апликација ESTA на оваа страница пред да патувате, и тоа е тоа“, велат тие во видеото со наслов „До Америка без виза: Хрватска е во Програмата за откажување од виза.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи во септември информираше дека е формирана работна група која ќе има задача за приклучување на Република Северна Македонија кон програмата на САД Visa Waiver, односно укинување на визите за државјаните на нашата земја.

„Процесот за укинување визи за нашите државјани за влез во САД е долгорочен и комплексен процес, но со оглед на нашите заложби за зајакнување на постоечкото сојузништво, создадени се условите да го започнеме овој процес. Најголема потврда за тоа е приклучувањето на нашата земја кон НАТО Алијансата, но и напредокот постигнат на полето на безбедноста, како надополнување на нашето стратешко партнерство со САД, рече Османи.

Слично

Поврзани вести