Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од денес до петок Иванов ќе престојува во Албанија

Од денес до петок Иванов ќе престојува во Албанија

Претседателот Ѓорге Иванов од денес ќе престојува во дводневна официјална посета на Република Албанија.

Се предвидува во Тирана да оствари средби со албанскиот претседател Бујар Нишани како и со премиерот Еди Прама и и со претседателот на Собранието на Република Албанија Илир Мета. Во рамки на официјалната посета на Република Албанија, претседателот Иванов ќе оствари средба и со Градоначалникот на Тирана, г. Љуљзим Баша. Претседателот Иванов ќе ја посети Општина Пустец во петок, каде што ќе се оствари средба со претставници на локалната македонска заедница.

Заедно со Иванов, во делегацијата што ќе патува во Албанија се и неговата сопрува Маја Иванова и министерот за одбрана на Република Македонија  Зоран Јолевски.

Слично

Поврзани вести