Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОД ЧЕТИРИТЕ КАНДИДАТИ ЗА ДРЖАВЕН ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ, НА ЛИСТА СЕ ТРИ ИМИЊА: Мицкоски вели Ленче Ристоска не е меѓу нив

ОД ЧЕТИРИТЕ КАНДИДАТИ ЗА ДРЖАВЕН ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ, НА ЛИСТА СЕ ТРИ ИМИЊА: Мицкоски вели Ленче Ристоска не е меѓу нив

Во интервјуто на Канал 5, премиерот Христијан Мицкоски, посочи дека од четирите кандидати за државан јавен обвинител за кои Советот на јавни обвинители даде позитивни мислење, на владината листа се три имиња, а меѓу нив не е и бившата обвинителка од СЈО, Ленче Ристоска. 

Советот на јавните обвинители денеска даде позитивно мислење за четворица од петте кандидати за државен јавен обвинител. Позитивно мислење добија сегашната в.д. државна јавна обвинителка Анита Тополова-Исајловска, обвинителката Ленче Ристовска, судијата од Кривичниот суд, Ненад Савевски, и обвинителката од скопското Обвинителство, Лидија Раичевиќ. За кандидатурата на Владимир Панчевски едногласно одлучи дека тој не ги исполнува условите предвидени со законот во однос на работниот стаж. 


Слично

Поврзани вести