ОД БОРБА ЗА КЛИМАТА ДО БОРБА ЗА ПРАВДА: Грета Тунберг во лисици, приведена на протест во Данска
Данската полиција денеска ја уапси шведската еколошка
активистка Грета Тунберг за време на протестот против војната во Појасот Газа,
кој се одржа во Копенхаген.
Ројтерс пренесува дека ова го соопштил портпаролот на студентската организација која стои зад овие демонстрации.
Данската полиција за британската агенција изјавила дека шест лица се приведени на Универзитетот во Копенхаген откако 20 лица го блокирале влезот на зградата на универзитетот, а тројца влегле во неа. Портпаролот на полицијата не сакал за Ројтерс да го потврди идентитетот на уапсените, но организацијата „Студенти против окупацијата“ за агенцијата изјавила дека меѓу приведените е и Тунберг.
Весникот Ekstra bladet објави нејзина фотографија и тврди дека Тунберг е врзана со лисици.
фото: Twitter