Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од Берово стартува проектот „Наш специјалист“

Од Берово стартува проектот „Наш специјалист“

Со цел да се надминат одредени проблеми во здравството поради недостигот од спрецијалисти во неколку подрачја ширум земјава од најисточниот град Берово Министерството за здравство ќе започне со имплементација на новиот проект  „Наш специјалист“ кој го претстави денеска .

Со патен налог ќе биде упатуван доктор специјалист од една до друга здравствена институција од три до пет дена во текот на месецот.

За оваа одлука Тодоров вели се одлучил бидејќи во некои подрачја на земјата нема доволен број или воопшто нема специјалисти од некоја област и како резултат на тоа граѓаните од тој град или регион се принудени за конкретната здравствена услуга да патуваат до најблиската клиничка или општа болница во регионот со што се изложуваат на трошоци, а се прави и оптоварување на докторите кои работат во тие клинички и општи болници каде ја има таа специјалност.

Од Берово и Валандово за два дена ќе биде означен стартот на овој проект. Во овие два града секоја сабота од 8 до 15 часот ќе има специјалист невролог.

Се планира овој проект да се рашири и во другите градови.

Слично

Поврзани вести