Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од Бабино, преку Загреб, до Сиднеј: Семејната традиција што стана светска приказна - како „Burek Brothers“ ја освоија Австралија

Од Бабино, преку Загреб, до Сиднеј: Семејната традиција што стана светска приказна - како „Burek Brothers“ ја освоија Австралија

Мирисот на топол бурек, штотуку изваден од фурна, има чудесна моќ – да разбуди спомени, да врати во детството и да поврзе генерации.

Токму така започнува приказната за браќата Радевски – Никола и Јован, чиј семеен занает не е само бизнис, туку наследство вткаено со љубов, труд и традиција.

Иницијативата за отворање бурекџилница потекнува од нивниот дедо Божин, родум од демирхисарското село Бабино. Воден од храброст и визија, тој заминал во Загреб, каде што ја отворил својата бурекџилница и го поставил темелот на семејната приказна. Токму таму се родил уникатниот рецепт – оној препознатлив балкански мирис и неодолив вкус на бурек, кој со децении се пренесувал од рака на рака: од прадедо, на дедо, па на татко.

Денес, таа традиција продолжува на друг континент. Во срцето на Сиднеј, браќата Никола и Јован Радевски ја раскажуваат својата семејна приказна преку секое парче бурек во нивната бурекџилница „Burek Brothers“. По истиот рецепт создаден во Загреб, тие го подготвуваат бурекот со посветеност кон традиционалната подготовка – рачно тегнати кори, внимателно одбрани состојки и вкус што носи дух на Балканот.

Повеќе од приказната на Женски Магазин.

Слично

Поврзани вести