Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОД АНТИМОНОПОЛСКА КОМИСИЈА ОДИ ВО АЕК - Александар Давчевски бара од Собранието да ја констатира неговата оставка

ОД АНТИМОНОПОЛСКА КОМИСИЈА ОДИ ВО АЕК - Александар Давчевски бара од Собранието да ја констатира неговата оставка

Александар Давчевски од Скопје повеќе нема да биде член на Антимонополската комисија, бидејќи ќе оди на местото член на Комисијата на друг регулатор, а тоа е Агенцијата за електронски комуникации.

Тој бара Собранието да ја констатира неговата оставка на местото член на Комисијата за заштита на конкуренцијата, каде што бил именуван во 2018 година, бидејќи во јули годинава е назначен за член на Агенцијата за електронски комуникации.

„Со овој допис се обраќам до вас, со барање за престанок на мандатот член на Комисијата за заштита на конкуренцијата, на која бев именуван со Одлука на Собранието на 18.102018 година. 

Барањето за престанок е од причина што на ден 29.07.2021 година, со одлука на Собранието бев именуван за чллен на Комисијата на Агенцијата за електронски комуникации. 

Имајќи го предвид наведеното, а почитувајќи ги позитивните законски одредби од Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси, барам органот кој ме именувал, да го констатира моето барање за престанок на мандатот - член на Комисијата за заштита на конкуренцијата„, се вели во дописиот до Собранието од Александар Давчевски. 

н.н.ф.

Слично

Поврзани вести