Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од амбасадата на САД велат дека проблемот за кој се жали Русковска треба да го решат надлежните органи

Од амбасадата на САД велат дека проблемот за кој се жали Русковска треба да го решат надлежните органи

Oд амбасадата на САД се јавија по апелот на обвинителката Вилма Русковска која се пожали на притисоци. 

По синоќешниот повик на шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал до сите меѓународни институции и амбасади да пружат помош преку проверка на фактите кој во државата е криминалец, а кој се бори против криминалот, од амбасадата велат дека тоа прашање треба други институции да го решат. 

„Амбасадата на САД е вложена во унапредување на владеењето на правото во Северна Македонија и ги поддржува напорите на властите и на правосудството за обезбедување на транспарентност и отчетност кај институциите и внатре во нив. Се чини дека ова прашање е тековен процес и прашање кое треба да го решат надлежните органи“, се наведува во одговорот на амбасадата на САД.

Русковска побара меѓународна помош, откако директорот на Финансиската полиција Арафат Муареми најави дека против неа и уште против две обвинителки ќе поднесе кривични пријава, откако тие на 18 јули извршија претрес во институцијата. Русковска во синоќешниот повик до амбасадите на САД и на ЕУ рече дека имала притисок од владин функционер.

Денеска утрово, пак, првиот човек на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми, напиша дека ако таа располага со сознанија и информации за криминал што тој го направил, тогаш со јавноста нека сподели обвинителен акт, а не празни и неосновани информации. Тој исто така во својот одговор наведува дека одговорност за, како што го нарече, самоволието на обвинителката, мора да има.

Слично

Поврзани вести