Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ОД АЛИ АХМЕТИ ДО ИВАН СТОИЉКОВИЌ, КОСОВО, ПРОСТИ НИ“: И Груби има мислење за инцидентот со косовската претседателка

„ОД АЛИ АХМЕТИ ДО ИВАН СТОИЉКОВИЌ, КОСОВО, ПРОСТИ НИ“: И Груби има мислење за инцидентот со косовската претседателка

Поранешниот висок владин функционер од редовите на ДУИ, Артан Груби има свое мислење за инцидентот на скопскиот аеродром поврзан со шефицата на Косово, Вјоса Османи.

Во објавата на ФБ, Груби бара прошка од Косово.

-Косово, прости ни!

„Од господар до станар, од одлучувач до вазал, од горд до бакнувач на рака, од достоинствен до безрбетен, од бел образ до црнило, од учен до неук, од храбар до кукавица, од владетел до слуга, од победник до победен, од Европа и од Америка во Русија и Србија, од Али Ахмети до Иван Стоилковиќ“, напиша тој во објавата.

фото: ФБ

Слично

Поврзани вести