Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од „Александар Велики“ пак се лета

Од „Александар Велики“ пак се лета
Авионскиот сообраќај од скопскиот аеродром  околу пладне е нормализиран. Откако се дигна густата магла и се подобри видливоста, реализирани беа слетувањата од Виена и Дубаи, а полета авионот кон Базел.

Утрово поради маглата беше реализирано само едно полетување за Дортмунд, а откажани беа летовите за Загреб и за Истанбул.

Поради временските услови и густата магла, неколку дена на скопскиот аеродром не се реализираат поголем дел од летовите.
Слично

Поврзани вести