ОД 16 ОД 31 ГОДИНА НОВИ ПОЗИТИВНИ ВО КАВАДАРЦИ: Намалено движењето во градот, стравот од заразата е голем
Продолжува
трендот на млади заразени со корона вирусот во Кавадарци. По вчерашните
10 регистрирани со Ковид-19, денеска има 4 новозаразени и повторно станува збор
за многу млади луѓе, односно од 16 до 31 година. Информацијата за Фактор ја потврдија од Центарот за јавно
здравје Кавадарци.
-Само што ги добивме резултатите. Помалку се од вчера, односно имаме четири позитивни лица. Доколку им се влоши здравствената состојба, тие ќе бидат хоспотализирани. Едно лице од новозаразените е веќе контактирано од инфектолог и според симптоматологијата, се наоѓа на домашно лекување. Инаку, повтрно новите случаи се многу млади луѓе, кои воопшто не се штитат од вирусот, заради што лесно ја шират заразата, изјави д-р. Ристе Јовановски, епидемиолог во Центарот за јавно здравје Кавадарци.
Истовремено, градоначалникот Митко Јанчев за Фактор изјави дека уштеод синоќа се преземаат дополнителни мерки за да се спречи понатамошното ширење на Ковид-19 во градот.
-Поделивме околу 1500 флаери во кафулињата и на останатите јавни места со содржина за подигнување на свеста за опасноста од ковид и за почитување на основните мерки за заштита од корона вирусот. Почнавме со дезинфекција на кафулињата, парковите, игралишта, секаде каде што има групирања на младите луѓе. Она што можам од утринава да го констатирам е дека многу е намалено движењето на луѓето низ градот, кафулињата се речиси празни. Стравот од заразата проработе, вели за Фактор градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.
А.Б.
