Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОД 15 НОЕМВРИ ЗИМСКАТА ОПРЕМА Е ЗАДОЛЖИТЕЛНА - еве што е потребно според типот на возилото

ОД 15 НОЕМВРИ ЗИМСКАТА ОПРЕМА Е ЗАДОЛЖИТЕЛНА - еве што е потребно според типот на возилото

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека од 15 ноември до 15 март, согласно одребите од “Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата“ и Законот за изменување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, возилата кои учествуваат во јавен сообраќај задолжително треба да поседуваат зимска опрема.

Воедно од МВР во објавата ги посочуваат и конкретно каква опрема е потребна за различни типови возила. 

- Согласно одребите од Правилникот за задолжителна опрема на возилата, за безбедно учество во сообраќајот на патиштата, како зимска опрема на моторните возила се подразбира:

За моторни возила кои не надминува 3.500 кг.:

- зимски пневматици на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од четири милиметри;

- пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на нагазниот слој по обем и широчина, со минимум од најмалку 4 мм., ако возилото во приборот поседува синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.

За моторни возила со погон на четири тркала (4x4):

- зимски пневматици на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од 6 мм;

- пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на нагазниот слој по обем и широчина со минимум од најмалку 4 мм., ако возилото во приборот поседува синџири за снег и во случај кога имаат постојан погон, синџири за снег треба да имаат најмалку за задната осовина, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да имаат најмалку на постојано вклучената осовина.

За моторни возила кои надминува 3.500 кг:

- зимски пневматици на погонските тркала со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од 6 мм.

- пневматици со летен профил на сите четири тркала, со длабочина на шарите на нагазниот слој, по обем и широчина со минимум 4 мм, ако возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала;

- автобуси и товарни моторни возила кои поради технички причини не можат да постават синџири за снег на погонските тркала треба да имаат зимски пневматици на погонските тркала и прирачен алат - лопата.

Зимски пневматици се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака „MS”, “M+S”, “M & S” и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва - пишува во објавата која ја споделија и на социјалните мрежи.

Водено од МВР укажуваат дека согласно одредбите од Правилникот за задолжителна опрема на возилата, во патниот сообраќај на возилата е забрането поставување на пневматици со клинци.

Апелираа возачите да се придржуваат кон законската обврска за поседување на зимска опрема, бидејќи така се овозможува непречено и безбедно одвивање на сообраќајот на патиштата во зимски услови.



Фото: Принтскрин/МВР/Фејсбук

Слично

Поврзани вести