Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од 14 декември се намалува прагот за алармирање на загаден воздух

Од 14 декември се намалува прагот за алармирање на загаден воздух

Министерството за животна средина информира дека од 14 декември се намалува прагот на алармирање на РМ10 во воздухот.

- Во согласност со Уредба за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен весник на Република Македонија бр. 183 од 14.12.2017 година) во која е дефиниран прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри, Ве информираме дека од 14 декември 2021 година, прагот на алармирање на РМ10 се намалува од 163 μg/m3 и истиот изнесува 150 μg/m3 среднодневна концентрација во текот на 2 последователни дена и добиена прогноза за стабилна временска состојба во наредниот период, се вели во соопштението на министерството.

Од таму додаваат дека, според уредбата,  прагот на алармирање од 150 μg/m3 понатаму нема да се менува, односно да се намалува.


Слично

Поврзани вести