Од 12 починати во последното деноноќие, шест се од Куманово
Во последните 24 часа се направени 4.151 тестирањe на Ковид-19, регистрирани се 482 нови случаи, информира Министерството за здравство.
Од новорегистрираните во Скопје се 194 случаи,Велес – 50, Куманово – 28, Кочани – 26, Кавадарци – 23, Прилеп и Штип – по 20, Битола – 19,Тетово – 13, Струмица и Крива Паланка – 11, Свети Николе – 10, Пробиштип – 9, Охрид – 7, Гевгелија и Берово – по 5, Кичево и Ресен – по 4, Гостивар и Македонска Каменица – по 3, Струга, Неготино, Радовиш, Виница, Кратово и Демир Хисар – по 2, Делчево, Богданци, Крушево, Пехчево и Дојран – по 1.
Регистрирани сe 280 оздравени пациенти. Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 12 починати лица 6 починати лица од Куманово кои имале 89, 85 двајца по 71 година, еден е 58 а другиот 52 години. регистрирани се 4 починати лица од Прилеп (85 , 77 ,68 и 61 година) и по едно починато лице од Кавадарци (69 години) и Велес (62 години). Од пријавени лица 11 се починати во болнички услови, а само едно лице е починато дома.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 5 починати лица, со датум на смрт од 12.10.2021 до 23.10.2021 година. Регистрирани се 2 починати лица од Скопје, 2 починати лица од Битола и едно лице од Крива Паланка, на возраст од 81 до 41 години.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 199.539, бројот на оздравени пациенти е 186.211, на починати е 7.036, а бројот на активни случаи изнесува 6.292.
