Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОД 1. СЕПТЕМВРИ МАКЕДОНСКИТЕ СЕРТИФИКАТИ СЕ ЕКВИВАЛЕНТНИ НА ДИГИТАЛНИОТ СЕРТИФИКАТ НА ЕУ: Одлука на бугарските здравствени власти

ОД 1. СЕПТЕМВРИ МАКЕДОНСКИТЕ СЕРТИФИКАТИ СЕ ЕКВИВАЛЕНТНИ НА ДИГИТАЛНИОТ СЕРТИФИКАТ НА ЕУ: Одлука на бугарските здравствени власти

На 1. септември, Македонија, е меѓу останатите осум земји: Црна Гора, Република Косово, Република Казахстан, САД, Света Луција, Федерацијата Свети Кристофер и Невис и Ирска кои се во црвената зона, според која се одредуваат правилата за влез во Бугарија.

Од истиот датум, Италија преминува од црвено во портокалово, а Германија, Естонија, Хрватска, Италија и Сан Марино од зелена во портокалова. Романија преминува во зелената зона.

Од 1 септември, сертификатите за вакцинација, тестирање и прележан ковид-19, издадени од Република Северна Македонија, Република Сан Марино, Швајцарија, Република Турција, Украина и државата Ватикан се сметаат за еквивалентни на дигиталниот Сертификат на ЕУ за ковид-19.

Инаку, од среда, 1 септември, странските студенти кои имаат виза „Д” за долгорочен престој за студиски цели, ќе се примаат на територијата на Бугарија и од земјите што спаѓаат во црвената зона, соопшти бугарскиот министер за здравство Стојчо Кацаров.

Бугарското Министерство за здравство потсетува дека учениците, студентите и докторантите кои живеат во Грција, Турција, Србија, Република Северна Македонија и Романија и секојдневно или најмалку еднаш неделно патуваат во Бугарија, ќе се примаат во земјата без потреба да поднесуваат документи за Ковид-19.


Слично

Поврзани вести