ОД 1 ЈУЛИ: Свадби ќе може да се одржуваат и на затворено-ова се деталите
Од Министерството за економија дојде предлог од утре - 1 јули свадбените веселби да може да се одржуваат и на затворен простор.
Ооваа одлука била прифатена од Владата, а за истата јавноста ја информираше министерот за економија Крешник Бектеши.
Тој напиша дека согласно одлуката во затворен простор ќе може да се организираат свдби со максимум 250 лица, но не повеќе од 40 отсто од капацитетот на просторот.
Сепак, ова не значи дека со работа ќе почнат и дискотеките и клубовите. За тие објекти сѐ уште нема дозвола за работа.
Инаку, оваа одлука доаѓа по смирувањето на епидемолошката ситуација во државата.
Слично
