Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Оцрнувањето“ на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко ги раздрма обвинителите, контроли во струшкото и Вишото Обвинителство во Битола

„Оцрнувањето“ на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко ги раздрма обвинителите, контроли во струшкото и Вишото Обвинителство во Битола

По притисокот на јавноста, од Јавното обвинителство во Македонија најавија контроли во струшкото Обвинителство и Вишото јавно обвинителство-Битола. 

Контролите се резултат на случајот со градоначалникот Рамиз Мерко, кој има шест активни и над десет затворени кривични пријави, а кој од неодамна е на „црната листа“ на Стејт Департментот на Соединетите Американски држави. 

Медиумите од првиот ден бараа одговори од ОЈО околу постапките кои се водат против струшкиот градоначалник. Претходно информираа колку постапки има во процедура поврзани со градоначалникот, но не и детали за предметите, начинот на кој е постапувано, како и детали од извештаите од контролите кои изминатата година биле вршени. Утрово од ОЈО посолија дека комисијата ќе направи увид по што ќе изготви извештај за случаите поврзани со Мерко.

- Четиричлена комисија од јавни обвинители од Јавното обвинителство на РСМ денеска врши надзор на постапувањето во предметите во ОЈО Струга и ВЈО Битола. По целосните проверки на постапувањето, Комисијата ќе изготви извештај - се наведува во нивниот краток одговор. 

Претпоставка е дека ќе се роверуваат струшкото Обвинителство бидејќи таму има и најмногу кривични против Мерко, а Вишото обвинителство-Битола бидејќи тие се контролори на струшките колеги. Одлуките кои ги донеле Обвинителите за затворање на постапките не можат да бидат променети, но доколку има пропусти – против нив може да се покрене дисциплинска постапка.

Слично

Поврзани вести