Очув обљубил 15-годишно девојче во Делчево
Очув од Делчево во повеќе наврати вршел обљуба и други полови дејствија врз 15-годишно девојче, додека нејзината мајка не била дома, информира Основното јавно обвинителство.Кочани.
Обвинителството наредило да се спроведување истражна постапка против очувот за обљуба со злоупотреба на положбата. Од судот е побарано да одреди притвор, бидејќи постои опасност од бегство, можност тој да влијае врз сведоците или да ги прикрива трагите за извршеното дело, како и да го повтори делото.
„Осомничениот, во периодот од летото 2022 година до 30.11.2023 година, во семејниот дом во Делчево, злоупотребувајќи ја својата положба како очув, во повеќе наврати вршел обљуба и други полови дејствија врз 15-годишно девојче, искористувајќи го моментот кога мајката на девојчето не била во домот“, информира ОЈО.
