Економија, финансии, бизнис

Контакт

Очите вперени кон Иванов откако Заев посочи дека ќе ги добие потписите

Очите вперени кон Иванов откако Заев посочи дека ќе ги добие потписите

Откако Зоран Заев посочи дека ќе ги добие потребните потписи со кои ќе докаже дека има ново парламентарно мнозинство од најмалку 61 пратеник очите на јавноста се вперени во претседателот Иванов кој е последната пречка за формирање на новата влада.

„Давањето на мандатот за состав на влада е техничко прашање и претседателот на државата е должен да го даде на партија или партии што имаат обезбедено парламентарно мнозинство од 61 пратенички мандат“, вели професорот по уставно право, Светомир Шкариќ за Дојче Веле.

Претходно Иванов изјави дека мора да биде сочуван унитарниот карактер на државата и територијалниот интегритет што се смета како можен изговор да се одбие доделување на мандатот на Заев, но засега се уште е рано за вакви прогнози иако ова сценарио е возможно.

Професорот Шкариќ укажува дека не е надлежност на претседателот да поставува барања во контекст на мандатот за состав на влада.

„Потписите се гаранција за обезбедено мнозинство и претседателот со ништо не смее да го условува доделувањето на мандатот. Тој нема никаков простор за маневрирање по тоа прашање и мора да го даде мандатот ако не сака да има проблеми. За прашањата што тој ги посочува, одлучува парламентот. Нашиот модел не е претседателски, туку парламентарен“, вели професорот.

Од СДСМ и ДУИ велат дека ги доближиле ставовите околу законското решение за употребата на јазиците и во наредните денови ќе разговараат и за кадровските избори во новата влада.


Слично

Поврзани вести