Економија, финансии, бизнис

Контакт

Очевидци го препознаа човекот кој ја избоде жената во Кочани, надлежните го уапсија

Очевидци го препознаа човекот кој ја избоде жената во Кочани, надлежните го уапсија

Основното јавно обвинителство Кочани изврши увид на лице место пред семејна куќа каде утрово е убиена жена на возраст од 46 години. Преземени се сите дејствија, наредена е обдукција на телото на починатата, обезбедени се траги и други докази кои ќе бидат предмет на вештачење.

„Од очевидци на настанот извршено е препознавање на осомничениот сторител на кривичното дело, кој е лишен од слобода. Се постапува за расчистување на настанот и за испитување на мотивите“, велат од Обвинителството. 

Жената е мајка на три деца. Убиството се случило утрово. Жртвата се здобила со 40 убоди од нож. 

Слично

Поврзани вести