Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Очекуваме сите инволвирани во скандалите на северната граница законски да одговараат“: СДСМ со остри забелешки по разрешувањето на Рамука

„Очекуваме сите инволвирани во скандалите на северната граница законски да одговараат“: СДСМ со остри забелешки по разрешувањето на Рамука

Опозиционерите денеска повторно реагираат за „свадбарската поворка“ на претседателот на Собранието, Африм Гаши. 

Според нив, не е доволно разрешувањето на началникот на Рeгионалниот центар за гранични работи Север, Наим Рамука, кој како што соопштија од МВР е разрешен и поради поради скандалот со бегството на Блерим Рамадани кој се бараше за воени злосторства и за пропуштањето на свадбарите на Африм Гаши на „Блаце“.

- Тошковски и МВР под притисок на СДСМ конечно признаа вина кај Наим Рамука и го разрешија. Власта не успеа да го спаси, иако се обудуваше да ги заташка бројните скандали и да му обезбеди заштита на Рамука.

На границата со Косово се случија серија на скандали за кои СДСМ секојдневно алармираше.  По налог на Рамука слободно, без контрола и евиденција се поминуваше, што беше случај и со сватовите на Гаши, но и со бегството на Рамадани - додаваат од СДСМ.

Од партијата потенцираат дека со разрешувањето МВР и Тошковски уште еднаш ги потврдија сите информации што ги објави СДСМ како апсолутно точни. Иако Мицкоски негираше, а Тошковски молчење.

- Но, разрешувањето на Рамука е само еден чекор, тој мора и законски да одговара. Очекуваме Обвинителството да постапи по овој случај и сите инволвирани во скандалите на северната граница законски да одговараат - додаваат од СДСМ.

Слично

Поврзани вести