ОЧЕКУВАМЕ ПРВИ ДОЗИ НА МОДЕРНА ВО МАКЕДОНИЈА: Филипче најави уште една донација од Хрватска
Министерот за здравство Венко Филипче денеска на заедничка прес-конференција со хрватскиот
министер за надворешни работи, Гордан Грлиќ Радман најави дека владата на Хрватска донела одлука да
донира уште 20.000 дози вакцини по првите 10.000 кои веќе ги донираше, а кои се
од производителот АстраЗенека. Втората донација, најверојатно ќе бидат дози од
американската фармацевстка компанија ,„Модерна“.
-Владата на Хрватска донесе уште една одлука. На нашата земја ќе донираат уште дополнитени 20.000 дози кои же бидат или од АстраЗенека или од производителот Модерна, што што ќе биде прва количина вакцини од овој производител кај нас.
Инаку, првите 10.000 дози од АстраЗенека веќе се пристигнати, рече Филипче, додавајќи дека во текот на следната недела ќе бидат дистрибурани низ вакциналните пунктови.
Хрватскиот министер посочи дека ефикасното спроведување на вакцинација е единствен излез од ковид пандемијата.
-Со денешната донација од 10.000 дози вакцини, Хрватска искажува решителност и подготвеност за помош на своите најблиски соседи, за да целиот процес против корона вирусот биде што пуспешен, изјави Радман.
А.Б.