Очекувајте сонце, но и дожд
Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност, и можен краткотраен дожд.
Околу пладне и напладне ќе има краткотраен локален дожд и ретки грмежи.
Утринските температури се движат од 12 Целзиусови степени во планинските регион на западот и истокот од земјата, до 18 степени на крајниот југ. Максималните дневни температури ќе се движат од 25 до 32 степени. Во Скопје и околината максималната дневна температура ќе се искачи до 29-от степен.
Денеска и во понеделник нестабилноста на времето со повремени поројни дождови и грмежи ќе се намали. Во планинските региони ќе има услови за појава на краткотраен дожд во недела со ретки грмежи. Од понеделник ќе преовладува претежно стабилно време со повремено зголемена облачност.
