Економија, финансии, бизнис

Контакт

Очекувајте снег и минусни температури од утре

Очекувајте снег и минусни температури од утре

Од утре се очекуваат врнежи од снег во Македонија. 

Времето ќе биде претежно облачно и студено, попладне и во вечерните часови ќе има нови врнежи од снег, позастапени и пообилни во западните делови, информира УХМР.

Само во крајните југоисточни делови врнежите ќе бидат од дожд и снег. Во поголем дел од земјава ќе се формира снежна покривка, а во западните делови позначително ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 1, а максималната ќе достигне од 0 до 7 степени. Во главниот град ќе биде претежно облачно и студено, попладне и во вечерните часови ќе има повремени врнежи од снег и се очекува да се формира помала снежна покривка.  Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 2 степена. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Во следните денови ќе преовладува претежно суво и многу студено време, особено за време на викендот и во почетокот на наредната седмица кога и дневните температури во поголем дел од земјата ќе се задржат под нулата. 

На Балканот веќе има снежно невреме. Во Европа, Франција и Шпанија се соочија со обилни снежни врнежи. 

Слично

Поврзани вести