Oчекувајте нови врнежи од снег
Наскоро ќе има нови врнежи од снег во Македонија.
Снег ќе паѓа во новата работна недела. Нов влажен бран со врнежи од дожд и снег се очекува во понеделник кон крајот на денот, во текот на ноќта и во вторник претпладне. Во вторник ќе дува умерен до засилен северозападен ветер што ќе доведе повторно до опаѓање на температурата. Ветер ќе дува и во среда.
Викендов времето ќе биде стабилно и суво со значителен пораст на дневната температура. По котлините ќе има појава на магла и пониски дневни температури.
Слично
