ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ОЧАЈНО СИ ЈА БАРАМ ЌЕРКАТА“: Мајката на 16 годишното девојче кое пред 3 дена исчезна во водите на Вардар очајно моли за помош

„ОЧАЈНО СИ ЈА БАРАМ ЌЕРКАТА“: Мајката на 16 годишното девојче кое пред 3 дена исчезна во водите на Вардар очајно моли за помош

Мајката на 16 годишното девојче кое пред три дена исчезна во водите на реката Вардар, очајно моли за помош на социјалните мрежи.

„Очајно си ја барам ќерката Теодора Бабариќ, 16 години, која пред 3 дена се удави во водите на Вардар, Општина Градско-Уланци. Институциите сите се известени, потрагата се уште трае. Даваат се од себе да ја најдат, сега за сега се води како исчезната. Доколку некој од овчарите, земјоделците, рибарите ја видат во водите на реката Вардар, делот од Градско до Гевгелија, како што тече водата во тој дел, молам за информација, секоја информација е добредојдена. Пријавете во МВР, за побрзо да се најде моето дете, мојата душа. Облечена е во розеви дводели купаќи, црна коса, кафени очи... Ве молам споделувајте за што побрзо да се најде“, објави мајката на Теодора.

Синоќа од МВР објавија дека во СВР Велес било пријавено дека две женски лица на возраст од 16 и 26 години потонале во водите на Вардар во близина на селото Уланци, општина Градско. 

„По пристигнување на местото, 26 годишната жена е пронајдена жива, а по 16 годишното девојче се уште се трага, информираат вечерва од СВР Велес. Во моментов екипи на СВР Велес се присутни на терен и во координација со останатите надлежни институции работат на пронаоѓање на лицето“, информираа синоќа од МВР.

ad
Слично

Поврзани вести