Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОЧАЈНА Е СОСТОЈБАТА ВО ГРАДОТ СКОПЈЕ: Донесен е заклучок Арсовска да подготви план за решавање на состојбите

ОЧАЈНА Е СОСТОЈБАТА ВО ГРАДОТ СКОПЈЕ: Донесен е заклучок Арсовска да подготви план за решавање на состојбите

Очајна е состојбата во Град Скопје, донесовме заклучок Арсовска да подготви план и да видиме кои се потребите за решавање на состојбите, информираше министерот за локална самоуправа Златко Перински по состанокот попладнево со градоначалничката Данела Арсовска. 

„Градоначалничката предложи до крајот на оваа недела да состави некаков план којшто  ќе биде презентиран пред советниците во рамки на Советот на Град Скопје, иако нашите очекувања не се големи, морам да признам, за жал.  Конкретно се разговараше за две јавни претпријатија, едното јавно претпријатие е Комунална хигиена каде што сметаме дека проблемот е најакутен во моментот. И второто јавно претпријатие кое што го дискутиравме е ЈСП, затоа што сметаме како влада дека за десетина дена од сега ќе имаме многу поголем проблем во јавниот превоз со почнување на школската година“, рече министерот. 

Изминатиов период имаше многу критики за хигиената во градот. 

Слично

Поврзани вести