Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Обврската кон луѓето не завршува со работното време“: Ѓорѓиевски и денеска пречекуваше жители во кабинетот

„Обврската кон луѓето не завршува со работното време“: Ѓорѓиевски и денеска пречекуваше жители во кабинетот

И саботата е работен ден кога станува збор за мојот народ. Денес, вратите на Град Скопје се широко отворени за сите граѓани кои побараа прием, со цел да ги споделат своите проблеми, идеи и предлози.  Дел од разговорите ги реализиравме и телефонски, затоа што секој е важен, а секоја порака заслужува внимание и одговор. 

Ова го објави градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, кој од почетокот на мандатот отвори ден за средби со граѓаните. 

- Она што најмногу мотивира е искрената поддршка и добриот збор од граѓаните. Многумина од нив посочија дека ретко кога во минатото имале можност лично да бидат побарани, сослушани и примени од градоначалник.  Тоа претставува голема чест, но и уште поголема обврска за мене. 

Како што ветив, градот е отворен за сите.  Без затворени врати и без игнорирање. 

Секој проблем е внимателно забележан, секој предлог е запишан.  На предизвиците ќе им пристапиме директно и одговорно и заедно, чекор по чекор, ќе работиме на нивно решавање - објави Ѓорѓиевски на Фејсбук. 

Тој истакна дека заедно со Град Скопје остануваат достапни, присутни и секогаш на страната на граѓаните. Средбите продолжуваат во текот на целиот ден, а доколку има потреба, ќе продолжат и утре. 

- Скопје е наш заеднички дом, а обврската кон луѓето не завршува со работното време. За закажување термин, граѓаните можат да се јават на: 02/3 297 204 - потенцираше Ѓорѓиевски. 



Слично

Поврзани вести