Економија, финансии, бизнис

Контакт

Обвинувања за промена на името се вратија на „менито“ на Груевски

Обвинувања за промена на името се вратија на „менито“ на Груевски

Груевски со тврдењата во ТВ Сител дека власта била промената само за да се сменело името на Македонија повторно ја активираше националистичката теорија со која ќе го напаѓа премиерот Зоран Заев. Прашање е од каде Груевски има докази за ваков вид на меѓународен заговор и колку тој е навистина сериозен, во која фаза на реализација е и кој се учествува во него.

–  Целата операција за промена на владата е направена за решавање на името по терк на Грција. Тоа го знаат веќе сите, не само во Македонија, туку и во цела Европа Се чека само да завршат локалните избори и да започната конкретни преговори, рече Груевски.

Од друга страна пак, премиерот Заев по враќањето од Обединетите нации посочи дека нема да преговара за идентитетските прашања, а првите предлози за решавање на спорот со името ги очекува следната година. 

Слично

Поврзани вести