Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОБВИНУВА ЗА ПРОГОН: Никола Груевски се брани себеси, но и Јанкулоска

ОБВИНУВА ЗА ПРОГОН: Никола Груевски се брани себеси, но и Јанкулоска

Откако екс министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска е спроведена во затворот Идризово и почна да ја издржува затворската казна за случајот „Тенк“ на Фејсбук со свој став се јави екс премиерот Никола Груевски. 

Тој вели дека во Македонија нема правда и обвинува за политички прогон. 

„Власта на чело со Заев е во параноично-пародичен поход и обид да креира едно привидно чувство и престава дека правдата некого стасала. Тоа започна откако претходно одбра една поголема група на луѓе за политички прогон, заради чија професионална, посветена и успешна работа, тој и неговата партија беа цели 11 години инфериорни и во опозиција, а дојдоа на власт со крајно нечесни методи. И заради чии чесен однос кон најважните национални прашања денес тој е доживеан како антипод на една праведна национална борба за името, идентитетот и историјата. Нивното време на владеење го потсетува и обелоденивњето на неговите методи на барање поткуп во градот каде беше градоначалник, што јавноста го виде“, пишува Груевски.

Тој вели дека вистината е како шило, ќе оди лево, десно, напред, назад, но на крајот ќе исплива на површината.

„Но, ова што сега се прави и суди не е вистината. Заев се лаже ако мисли дека со овие изнудени и диригирани пресуди, со злоупотребата на моќта, дека ќе му помогне тоа што тој го замислил и искреирал да биде вистина во ситуација кога не е. Тој е влезен во лош филм дека доволно долго ќе владее за се што наумил да го забетонира како вистина. Кршлив му е тој бетон каде лагата, уцената и измамата се преставува како вистина. Ќе пукне еден ден, а тој ќе се срами од злоделата кои ги прави и ќе одговара за тоа, откако многу луѓе ќе проговорат со што се соочувале“, пишува Груевски.

Тој ја коментира и денешната пресуда во случајот „Насилство во општината Центар“.

„За денес порачал луѓето во фабрикуваниот предмет „Протести во општината Центар” да бидат прогласени за виновни и да се доделат затворски казни од судијата. За тие кои најмногу лично ги мрази – ефективни, за оние кои му се помалку важни – условни. Исто како што вчера истиот нарача Гордана Јанкуловска во незаконска постапка да ја спроведат во затвор по претходно брутално извршениот притисокот од негова страна до врховните судии да го потврди обвинението, кое претходно на ист начин го потврди апелационит суд. Како што јавно беше кажано уште во 2018 година дека и ветено унапредување во уставниот суд, пристигна и наградата за извршителот Добрила Кацарска во овој нечесен начин на мафијашко владеење во кој ист човек е шеф на владата, но истовремено и на судот, обвинителството како и на поголем дел од медиумите“, пишува поранешниот премиер во азил во Унгарија.

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска беше спроведена во казнено-поправната установа Идризово каде ќе ја издржува четиригодишна затворска казна.

Груевски е осуден на една година и шест месеци за организација на случајот „Шамари во Центар“, додека за поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески има одлука од една година затвор условно доколку во наредните четири години не направи кривично дело.

Груевски престојува во Унгарија каде доби политички азил. 

Слично

Поврзани вести