Економија, финансии, бизнис

Контакт

Обвинителството започнува распит за „Бехтел и Енка“

Обвинителството започнува распит за „Бехтел и Енка“

Јавното обвинителство по шест месеци откако заврши постапката за започнување на изградбата на автопатите од коридорите 8 и 10д, најавува распити на лица поврзани со проектот кој му е препуштен на конзорциумот „Бехтел и Енка“.

„По обезбедување на севкупната документација и извршената анализа од страна на истражителите од Истражниот центар на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во наредниот период предметниот обвинител треба да започне со распит на лица инволвирани во постапката“, одговорија за „360 степени“ од ОЈО за гонење на организиран криминал.

Додека обвинителството врши дејствија и распити, на терен веќе почна изградбата на автопатите, а со тоа и надзорот кој чини 22,3 милиони евра.

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција отвори предистрага за постапката за избор на конзорциумот „ИРД Инженеринг“, кој прво ја преговараше цената за изградба на автопатите кои ги гради „Бехтел и Енка“, а сега треба да врши и надзор.

Покрај тоа, договорот со „Бехтел и Енка“, освен Владата, во целост го има само уште Јавното обвинителство. За јавноста е затворен како „класифициран“.


Слично

Поврзани вести