Обвинителството за организиран криминал прави претреси за набавениот софтвер на Драги Рашковски
Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција утрово направило претрес во фирмата „Инвоука гроуп“, која го набави софтверот за сообраќајни прекршоци што го спроведе Генералниот секретар на Владата во време кога со него раководеше Драги Рашковски.
Ова го потврди обвинителката за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска, која вели дека се работи за предистрага. Покрај претресот во седиштето, имало и такви на други локации, но не открива во кои други субјекти, додека Русковска демантира дека се пребарувало и живеалиштето на Рашковски.
Рашковски како генерален секретар набавил софтвер за сообраќајни прекршоци во вредност од 81.000 евра за потребите на Министерството за внатрешни работи под контроверзни околности.
Случајот го испитува и Антикорупциската комисија.
