Економија, финансии, бизнис

Контакт

Обвинителството во акција против криумчарење луксузни возила, осомничени и службени лица

Обвинителството во акција против криумчарење луксузни возила, осомничени и службени лица

Основното јавно обвинителство утринава информира дека се вршат претреси на повеќе локации во Скопје и други градови во врска со случај со криумчарење луксузни автомобили, а меѓу осомничените имало и, службени лица.

„Под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје од утрово се преземаат дејствија за обезбедување докази во постапка за кривични дела поврзани со криумчарење луксузни автомобили од странство. Надлежниот јавен обвинител од судијата на претходна постапка обезбеди наредби за претрес на повеќе локации во Скопје и други градови. Меѓу осомничените има и службени лица и еден странски државјанин“, информира Обвинителството.

Претресите се спроведуваат од припадници на МВР, а за натамошниот тек на постапката и за конкретните дејствија ќе следуваат информации од Обвинителството кога ќе заврши акцијата.

Слично

Поврзани вести