Економија, финансии, бизнис

Контакт

Обвинителството собира докази за убиството на Алајдин Сулејмани кај Бит пазар

Обвинителството собира докази за убиството на Алајдин Сулејмани кај Бит пазар

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место по вчерашната оружена престрелка кај Бит Пазар, во која животот го загуби Алајдин Сулејмани.

„Од лице место се прибрани траги кои ќе бидат предмет на вештачење. Врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.

По наредба на јавен обвинител се обезбедуваат снимки од видео надзор од околните објекти. Се издаваат сите потребни наредби и насоки за идентификација на инволвираните и целосно расчистување на настанот“, соопшти Обвинителството.

Алајдин Сулејмани, син на Назми Сулејмани Аруша, поранешен командант на ОНА, е загинатиот во престрелката што се случи вчера попладне зад полициската станица Бит-пазар среде бел ден.

Според официјалните информации на МВР, престрелката се случила околу 14 часот помеѓу две групи од по пет до шест луѓе.




Слично

Поврзани вести