Обвинителството со истрага за уште едно лице за киднапирањето на внукот на Љубе Бошковски
Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против уште едно лице за киднапирањето на 26-годишниот Самоил Костадиновски, внук на Љубе Бошкоски кој беше грабнат во март и од тогаш нема информации каде е.
За третото лице кое учествувало во киднапирањето постои основано сомнение дека било вклучено во дејствија на кривично дело грабнување.
„Осомничениот на 3 март, заедно со уште две други лица против кои веќе се води истрага, учествувале во дејствија на грабнување на едно лице во Кисела Вода. Се преземаат дејствија за лишување од слобода на осомничениот“, објави ОЈО.
Во пукање пред неколку дена беше повреден неговиот татко, Љупчо Костадиновски. Пукањето се случило кога таткото на Самоил се движел кон семејната куќа во Лисиче, а напаѓачот пукал од мотор во движење. Костадиновски се здоби со две повреди.
