Економија, финансии, бизнис

Контакт

Обвинителството со детали: Силуваното девојче од Струмица имало 12 години, а силувачите по 15

Обвинителството со детали: Силуваното девојче од Струмица имало 12 години, а силувачите по 15

Основното јавно обвинителство Струмица отвори истрага против С.П. за помагање при силување на дете кое не наполнило 15 години. Според она што попладнево го објави обвинителството, станува збор за силувано 12-годишно девојче на новогодишна забава во Струмица, додека двете малолетни лица кои ја силувале имале 15 години.
„За истиот настан, надлежниот јавен обвинител до судијата за деца при Основниот суд во Струмица поднесе Барање за поведување подготвителна постапка против две деца во судир со законот за кои постои основано сомнение дека извршиле дејствија кои со закон се определени како кривично дело – Силување на дете кое не наполнило 15 години“, објави ОЈО.

При новогодишна прослава во куќа на еден од малолетниците, осомниченатаим помогнала на две деца родени 2007 година, со употреба на сила, да извршат силување на девојче родено 2010 година. Осомничената најпрвин ја поттикнувала и ја довела во алкохолизирана состојба жртвата, ја соблекла во една од собите, овозможувајќи им на двајцата малолетници да го силуваат девојчето, кое за цело време давало отпор. По целиот настан, осомничената и ја облекла облеката на жртвата и почнала да ја удира со клоци и шамари во пределот на главата.

„Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничената. Предлогот е прифатен и судијата со решение и определи притвор во траење од 30 дена. За двете деца во судир со законот ќе биде предложена мерка согласно член 115 од Законот за правда на децата – ставање под надзор од Центарот за социјални работи“, дополнува ОЈО.

Како што објави СВР Струмица, во петокот, младата струмичанка која е полнолетна е уапсена бидејќи со употреба на сила им овозможила на малолетниците да ја силуваат малолетничката. 

- На 31.03.2023 полициски службеници од СВР Струмица ја лишиле од слобода С.П.(21) од струмичко. Таа се сомничи дека на забава во јануари 2023, со употреба на сила врз малолетничка овозможила да биде извршена обљуба од страна на двајца малолетници од струмичко, објави претходно СВР Струмица.


Слично

Поврзани вести