Обвинителството се уште одлучува дали ќе отвори случај против Ванковска
Обвинителствотосе уште не одлучило дали ќе отвори предмет за универзитетската професорка Билјана Ванковска за шорење говор на омраза на социјалните мрежи во врска со несреќата од 13-ти февруари во која загинаа 15 лица кај Ласкарци.
Министерството за внатрешни работи, во согласност со постапката, поднесе пријава до јавниот обвинител. На денот на несреќата, Ванковска напиша статус "Каква трагедија и иронија: Карпалек". Нејзиниот став предизвика бура од реакција поради иритантниот статус.
Од Јавното обвинителство за Порталб.мк, тие изјавија дека не можат да го потврдат случајот, бидејќи станува збор за претходна постапка која според Законот за кривична постапка се води зад затворени врати. Покрај Ванковска, пријавени се уште неколкумина други за ширење на говор на омраза за истиот случај.
Според постапката, Обвинителството сега мора да даде мислење, односно да утврди дали постојат елементи на кривична одговорност. Ако обвинителството открие, тогаш полицијата официјално поднесува кривични пријави за говор на омраза.
Од 2014-та до сега само двајца се казнети парично за ова дело.
