Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОБВИНИТЕЛСТВОТО СЕ ОГЛАСИ СО ДЕТАЛИ ЗОШТО ПОЛИЦИЈА ВЛЕЗЕ ВО АКАДЕМИЈАТА ЗА СУДИИ - погледнете кои се причините

ОБВИНИТЕЛСТВОТО СЕ ОГЛАСИ СО ДЕТАЛИ ЗОШТО ПОЛИЦИЈА ВЛЕЗЕ ВО АКАДЕМИЈАТА ЗА СУДИИ - погледнете кои се причините

Во рамките на предмет против врховен судија, јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција при анализа на телефонот на осомничениот дојде до сознанија што упатуваат на можно сторување на друго кривично дело, соопштија од јавното обвинителство.

„Како резултат на тоа, предметниот обвинител со цел да ги испита ваквите индиции оформи предмет со кој достави барање до судијата на претходна постапка при Основен кривичен суд Скопје за одземање на два мобилни телефони од лице вработено во Академијата за судии и јавни обвинители, како и видео запис и две досиеја за еден поранешен и еден актуелен кандидат на Академијата.

Во текот на вчерашниот ден, припадници на Одделот за крим полиција и Одделот за сузбивање на организиран криминал постапија по Наредбата на судијата и ги обезбедија бараните предмети. За сите дополнителни активности и детали кои нема да влијаат на постапката обвинителството ќе ја информира јавноста навремено“, се вели во соопштението од Обвинителството.

Слично

Поврзани вести