Обвинителството повикува на распит лица од Онкологија
Основното јавно обвинителство Скопје информира дека заедно со Министерството за внатрешни работи се превземаат мерки за проверка на наводите изнесени за работењето на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија, но дека во оваа фаза не може да изнесе детали во јавноста.
„Меѓу останатите бројни дејствија, во континуитет се вршат распити на лица кои би можеле да имаат определени сознанија. Исто така, отпочнати се и дел од анализите на прибраните материјални докази“, брифираат од ОЈО.
Од таму додаваат дека „во оној момент кога ќе се стекнат објективни услови без да се наруши текот на постапката, соодветно ќе биде информирана јавноста за сите резултати од преземените дејствија“.
Слично
