Економија, финансии, бизнис

Контакт

Обвинителството побара притвор за Косовецот кој усмрти четири лица на скопската обиколница

Обвинителството побара притвор за Косовецот кој усмрти четири лица на скопската обиколница

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 76-годишниот возач на камион од Косово кој е официјално осомничен за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, откако на скопската обиколница излета преку банкините и усмрти четири македонски државјани.

Од ОЈО Скопје вечерва во истотот соопштение за јавноста објавија дека е побаран и притвор за осомничениот .

„Осомничениот 76-годишник управувал товарно возилo МАН со прикачена полуприколка со косовски регистарски таблички, по северната обиколница на град Скопје во насока од запад кон исток. Притоа, не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај и го довел во опасност животот на луѓето.

Кога дошол во близина на клучката Мирковци брзината на движење на возилото не ја приспособил спрема својствата и состојбата на патот, густината на сообраќајот и другите сообраќајни услови, така што да може навремено да го запре возилото пред секоја пречка што под дадени услови можел да ја предвиди. Во еден момент изгубил контрола над возилото и свртел во лево, па удрил и ја пробил металната одбојна ограда и продолжил со движење, преминувајќи на коловозот од автопатот наменет за движење на возилата од спротивната насока, каде во него со предната страна удрил автомобил „БМВ“ кој се движел во насока од исток кон запад.

По ударот автомобилот и камионот се запалиле. Во несреќата на лице место починале четворицата патници во патничкиот автомобил.

Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство и можност осомничениот да го повтори делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор“, гласи соопштението на Обвинителството.


Слично

Поврзани вести