Економија, финансии, бизнис

Контакт

Обвинителството побара од МВР да постапи за Курто Дудуш

Обвинителството побара од МВР да постапи за Курто Дудуш

ОЈО Скопје му даде насоки на Министерството за внатрешни работи како да постапи во случајот со градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш, по објавената снимка со наводна употреба на насилство над вработен во општината.

За Дудуш е поднесена кривична пријава за нанесување телесна повреда, а инструкциите се како да се извлечат индиции од аудио материјали евентуално како докази и како да се провери содржината на снимките. Инаку, од претходно е познато дека се прави вештачење на мобилните телефони на Дудуш и на неговиот возач, а се побарани и листинзи од нивните телефонски броеви.

"Од страна на надлежен јавен обвинител дадени се насоки на Министерството за внатрешни работи за обезбедување докази согласно Законот за кривична постапка за да биде проверена содржината од симените материјали, како и да се направат други проверки за комплетирање на целиот настан. Откако МВР ќе постапи и во зависност од обезбедените законити докази, ќе биде донесена јавнообвинителска одлука", се вели во одговорот испратен од Обвинителството.


Слично

Поврзани вести