Обвинителството отвори предмет за скандалот во битолската болница
Отворен e предмет за случајот во битолската болница каде српска државјанка извела царски рез, иако не е вработена во болницата, ниту има лиценца од македонската лекарска комора.
Основното јавно обвинителство во Битола отворило предмет за случајот од први јануари годинава. Кон предметот е припоена и кривична пријава поднесена која вчера ја поднесе битолската полиција против три лица за пречекорување на овластувањата и за тоа што овозможиле лице без соодветна лиценца за работа издадена од Лекарска комора, да учествува во породување со царски рез. Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска изјави дека во Битолската болница има инспекција од Државниот санитарен и здравствена инспекторат, но не го коментираше случајот, затоа што прво сака да ги добие наодите од инспекцијата. Суспендирани се двајца лекари – гинеколози.
