Обвинителството отвори предмет против Апасиев за статусот со стрелањето
Основното јавно обвинителство отвори предмет против Димитар Апасиев, лидерот на „Левица“, кој откако неговата партија освои два пратенички мандати на парламентарните избори напиша статус на „Фејсбук“ кој гласи „Џабе ни се лижете, сите ќе ве стреламе“. Ова невладините организации го протолкуваа како закана против нив.
Од таму потврдуваат дека, во насока на утврдување на фактите, надлежниот јавен обвинител го повикал Апасиев да даде исказ во обвинителството.
„Основното јавно обвинителство Скопје по пристигнато известување од Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи отвори предмет за статус на социјалната мрежа Фејсбук, објавен од лидер на политичка партија. Истовремено за истото лице пристигнаа две кривични пријави, поднесени од здружението на граѓани Хелсиншки комитет за човекови права и две физички лица, а се однесуваат на друг статус објавен на социјалните мрежи Фејсбук и Твитер“, објави обвинителството.
Основното јавно обвинителство Скопје до Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи издало наредби за електронско документирање на сите спорни статуси од социјалните мрежи кои ги објавил пријавениот
