Економија, финансии, бизнис

Контакт

Обвинителството отвори постапка, ќе се сослушаат насилните малолетнички

Обвинителството отвори постапка, ќе се сослушаат насилните малолетнички


Основното јавно обвинителство Скопје до судијата за деца поднело барање за поведување подготвителна постапка за насилство од страна на двете малолетнички, за кои излезе снимка на социјалните мрежи како тепаат соученичка во центарот на СКопје.

„Двете малолетнички, на 9 февруари, на улицата „Мирослав Крлежа“ во Скопје, ја загрозиле сигурноста на друго девојче, вршејќи грубо насилство кон оштетената. Девојчињата најпрвин разговарале и започнале да се расправаат, по што двете ја фатиле оштетената и ја собориле на земја, па ја удирале со тупаници и клоци додека не ги раздвоил сведок на настанот. Со ова предизвикале телесни повреди кај девојчето, како и чувство на вознемиреност во јавноста“, објави Обвинителството.

Во текот на постапката јавниот обвинител предлага да се сослушаат децата во судир со законот и оштетената, како и сведоци на настанот, да се прибави вештачење на видот и карактерот на повредите, да се обезбедат снимки од сведоци на настанот, да се прибави мислење од Центарот за социјални работи, како и да се преземат сите други неопходни дејства.

На социјалните медиуми беше објавено видео од настанот, на кое најпрво се гледа вербална расправија меѓу три девојчиња, а потоа и физичката пресметка.

Во полицискиот билтен на МВР, стои дека на 09.02.2024 во 18.20 часот во СВР Скопје В.И. (45) од Скопје, пријавил дека околу 13.00 часот пред угостителски објект на подрачјето на Центар, по претходна расправија, неговата малолетна ќерка била физички нападната од две малолетнички со кои се познавала.



Слично

Поврзани вести