Економија, финансии, бизнис

Контакт

Обвинителството отвори истрага за судиите кои си ги зголемија платите за 21.000 денари

Обвинителството отвори истрага за судиите кои си ги зголемија платите за 21.000 денари

Обвинителкството отвори истрага по допрен глас за случајот со Судскиот совет на Македонија кој си ги зголеми платите во просек за плс 21.000 денари и тоа ретроактивно вклучувајќи ги тука и старите примања од септември.

Документот го потпиша Зоран Караџовски како прв човек на Судскиот буџетски совет. Со донесените одлуки за членовите на Судскиот совет на Република Македонија се определува да се исплатат додатоци на плата во висина од 35 % од основната плата.

ОЈО ќе испита колку оваа одлука е основана. Надлежниот јавен обвинител истражува евентуална кривична одговорност за злоупотреба на службената положба и овластување и нанесена штета на Буџетот на Република Македонија со исплата на додатоците кои не се пропишани со Законот за плати на членовите на Судскиот совет.


Слично

Поврзани вести