Обвинителството ќе отвори предмет за починатиот кратовачец кому институциите не му помогнаа
Откако ЦУК утврди серија пропусти и кршење на процедурите во случајот со спасувањето на премрзнатиот овчар во кратовското село Емирица кој потоа почина, ќе истражува и Обвинителството.
Оттаму за Канал 5 велат дека ќе отворат предмет по допрен глас.Случајот предизвика силни реакции во јавност кои повторно го отворија прашањето за функционалноста на системот.
Лекарската екипа побарала помош од неколку институции, но никој не им излегол во пресрет да им помогнат за транспорт на пациентот. Човекот потоа почина во болницата во Штип. Овчарот кој имаше 63 години почина по една седмица во кома.
Претседателот Стево Пендаровски изрази жалење за овој случај и нагласи дека не било побарано армијата да помогне.
Слично
