Економија, финансии, бизнис

Контакт

Обвинителството оформи предмет,ќе се испитува кој ја загадува водата за пиење во Струга

Обвинителството оформи предмет,ќе се испитува кој ја загадува водата за пиење во Струга

Една недела од чешмите во Струга тече темнокафеава, заматена вода, а граѓаните се под целосна забрана да ја користат – не само за пиење и готвење, туку и за лична хигиена. 

Во ваков контекст, директорот на ЈП „Водовод“ Струга, Меџијаит Јусуфоски, денеска поднесе оставка, наведувајќи „морални причини“ и оценувајќи дека станува збор за „голема катастрофа“ со директен ризик по здравјето – особено за училиштата, градинките и децата. Тој рече дека е 43 години во претпријатието и дека не памети вакво заматување, додавајќи дека како в.д. директор неговите надлежности „се до тука“.

Првичните анализи на Центарот за јавно здравје покажале дека заматеноста е дури 30 пати над дозволеното, по што водата е прогласена за технички неисправна.

Во врска со информациите за енормно загадување на водата за пиење и за основни животни потреби на подрачјето на градот Струга, Основното јавно обвинителство Струга оформи предмет за да се испитаат причините и евентуално сторени кривични дела против животната средина и природата.

„Во координација со МВР – ОВР Струга, издадена e наредба за правосудната полиција да изврши увид на локација во селото Шум, каде се сместени изворите од кои подрачјето на градот Струга се снабдува со вода за пиење. При увидот треба да бидат присутни и надлежни инспекциски служби од областа на животната средина, од Агенцијата за храна и ветеринарство, како и од Центарот за јавно здравје. Ќе бидат преземени и други дејствија на проверки“,известија денес од ОЈО.


Слично

Поврзани вести