Економија, финансии, бизнис

Контакт

Обвинителството не се откажува од барањето притвор за Зоран Теофиловски

Обвинителството не се откажува од барањето притвор за Зоран Теофиловски



Обвинителството за организиран криминал и корупција не се откажува од барањето притвор за членот на Судскиот совет, Зоран Теофиловски, по предновогодишната акција за излегално приватизирање на државен имот во Тетово со лажни докази, објави Дојче Веле.

Теофиловски по еден ден од потрагата за апсење се повика на судски имунитет. Судскио совет донел решение да му се одземе имунитетот, но истовремено да не се дозволи притвор за неговиот член.    

ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција ќе бара од судија на претходна постапка да се произнесе за мерката притвор, бидејќи смета дека Судскиот совет излегол од границите на Уставот и законот. Според Обвинителството, имунитет уживаат судиите, но не и членовите на Судскиот совет.

Теофиловски е осомничен за злоупотреба на службената должност откако кон крајот на  август 2011 година, како претседател на спортско здружение Љуботен Тетово, со намера противправно да се изврши упис на право на сопственост, поднесувајќи лажни докази, почнал постапка за легализација.

Обвинителство за организиран криминал и корупција отвори истрага  против осум лица за злоупотреба на службена положба и овластување во која приведени беа службеници од Општина Тетово.



Слично

Поврзани вести