Економија, финансии, бизнис

Контакт

Обвинителството не ја прифаќа намалената казна за возачот кој ја усмрти Фросина

Обвинителството не ја прифаќа намалената казна за возачот кој ја усмрти Фросина

ОЈО Скопје достави жалба до Врховен суд на пресудата на Апелација, од каде што на 8 април  од 8 април откако на Љубиша Видојковиќ му беше намалена казната на само три години затвор за бруталното прегазување на студентката Фросина Цековска во Скопје.

Обвинителството смета дека има суштествена повреда на одредбите на Законот за кривична постапка, како и поради одлуката за изречената кривична санкција од Законот за кривична постапка.

Апелациониот суд ја намали казната на 3 години затвор за 29-годишниот Видојковиќ, кој во април 2015 година, на пешачки премин кај Универзална сала ја прегази Фросина од Крива Паланка.

Првично, Кривичен суд го осуди на 6 и пол години затвор, но Апелација го врати процесот и ја поништи пресудата.

На второто судење Видојковиќ беше осуден на 4 години затвор, а ма 8 април Апелација која жалбата ја разгледувала на јавен претрес, му ја намали затворската казна дополнително на 3 години.

Со поднесената жалба,  Основното јавно обвинителство Скопје му предлага на Врховниот суд  да ја преиспита донесената пресуда на Апелациониот суд Скопје.



Слично

Поврзани вести